Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Финансиска поддршка за занаетчиите и малите и средни форми, за граѓаните мерки за заштита на стандардот

Благо намалување на цените на овојшето и зеленчукот, покажуваат првите анализи од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Благо намалување на цените на овојшето и зеленчукот, покажуваат првите анализи од инспекторите кои пред пет дена излегоа на терен. Се проверуваат цените во маркетите, но и кај дистрибутерите и увозниците. Ако се откријат манипулации ќе следуват казни. Минатиот месец имало забележано благо покачување на цените на прехранбените производи, а ако продолжи овој тренд, стандардот на граѓаните ќе се штити со дополнителни мерки.

„Немаме основа по која би постапиле. Ќе ја анализираме ситуацијата до крајот на месецот. Може да го намалиме ДДВ-то за прехранбените производи. Како што реагиравме во делот на горивата, така може да реагираме и во овој сегмент“, изјави Бесар Дурмиши .

Покрај борбата за задржување на стандардот кај граѓните, министерството одоврува и програми за поддршка за занаетчиите, малите, мирко и средните компании. Ќе се кофинансираат 40 отсто од трошоците за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари од барател.

Реклама

„Продолжуваме со конкретна поддршка на домашната економија, малите бизниси и преработувачката индустрија, со јасна цел – поголема конкурентност, модернизација и отворање можности за раст и развој. Нашата цел е јасна, да им помогнеме на домашните компании полесно да инвестираат, да го модернизираат производството, да ја зголемат продуктивноста и да создадат подобри услови за работа и развој“, додаде Дурмиши.

Покрај ова, државата ќе објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за воведување, имплементација и сертификација на стандарди во преработувачката индустрија. Ќе се кофинансираат 70 отсто од трошоците, до максимум 200 илјади денари од компанија.

Државата ќе ја зајакне соработката помеѓу компаниите од преработувачката индустрија и универзитетите преку реализација на заеднички проекти. За оваа мерка се предвидени 5 милиони денари, а кофинансирањето ќе изнесува 70 отсто од трошоците, но не повеќе од 500 илјади денари по проект