Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори случајот за криминалот тежок 167 милиони евра за да ги спаси кадрите на СДСМ и ДУИ  

Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДСМ и ДУИ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДСМ и ДУИ.

Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, да ја стопира постапката за предметот за сторен криминал тежок 167 милиони евра, при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, што постоеја и сомнежи за перење пари и нанесување штета на животната средина.

Реклама

Во случајот во кој цела јавност виде сериозни индиции за тежок криминал, Абази не виде докази и од кривична одговорност ги спаси Васко Ковачевски од СДСМ и Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ и нивните партнери.

Ова не е случајна одлука, туку доказ за големото влијание коешто Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев сè уште го имаат кај поединци во обвинителството и судството.

Ислам Абази лаже кога тврди дека не вршел никакво влијание врз ниеден обвинител, да се донесе ваква одлука за запирање на гонењето на овој сомнеж за криминал од 167 милиони евра. Затоа што, како шеф на ЈО ГОКК, надлежен е еднаш неделно да добива брифинг од подредениот обвинител, за ваквите крупни случаи, а исто така овластен е доколку некој понизок обвинител реши дека не сака, или смета, дека нема основ ваков случај да се води, тој да одлучи случајот да продолжи да се гони, или да го предаде во надлежност на друг обвинител.

Наместо да биде обвинител којшто ќе гони организиран криминал и корупција, Ислам Абази си ја препишал улогата на судија и дал согласност да се затвори случајот тежок 167 милиони евра, пред истиот да влезе во судска постапка.

Ова е прв случај, ваков тежок криминал од восок јавен интерес, да се затвори пред да биде доставен во судот и затоа сметаме дека одлуката за затворање на случајот мазут Абази ја донел врз основа на лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи 

Со вакво постапување, Ислам Абази ќе го претвори ЈО ГОКК во обвинителство за обесштетување на осомничените и притворените за тежок криминал, кое нема да го плати ниту Абази, ниту неговите поддржувачи и спонзори Филипче, Заев и Ахмети туку народот од државниот буџет. 

А, од друга страна, чесните обвинители кои доследно си ја вршат работата, ќе го носат товарот на недовербата и статистичката грешка од 2%, која се поизвесно по последните постапки да падне и на 1%.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од доследното спроведување на правдата и законот да важи еднакво за сите, затоа го повикуваме Ислам Абази да поднесе оставка, за да се ослободи системот од таквите како него, кои наместо правда носат неправда и го разградуваат правосудниот систем.