Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

ЦУК и Општина Теарце ја зајакнуваат координацијата за справување со кризни ситуации

Институционалната соработка и координацијата во справувањето со итни и кризни ситуации била…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институционалната соработка и координацијата во справувањето со итни и кризни ситуации била во фокусот на денешниот работен состанок помеѓу директорот на Центар за управување со кризи,  Мухамед Али, и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мениши.

Како што соопштуваат од ЦУК, на состанокот што се одржал во просториите на Општина Теарце, градоначалникот ги информирал присутните за функционирањето и значењето на дисперзираната единица на противпожарната служба, која е лоцирана во Општина Теарце и го покрива и подрачјето на Општина Јегуновце.

Исто така, се разговарало и за подготвеноста и превентивните мерки за летната сезона. Во таа насока, како што наведуваат, директорот Мухамед Али иницирал координација и преземање заеднички превентивни мерки, со цел навремено спречување на пожари и зголемување на безбедноста на граѓаните.