Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Сали: Инвестицијата во младите е инвестиција во европската иднина

Министерот за европски прашања, Беким Сали, се обрати на настанот „Young Talent…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Беким Сали, се обрати на настанот „Young Talent for Future Growth“, организиран во рамки на програмите Young Energy Europe и Development Partnership Programme, на кој беа доделени сертификати за учесниците и награди за најдобрите проекти.

Во своето обраќање, министерот Сали, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласи дека развојот на човечкиот капитал е клучен за економската трансформација и за напредокот на земјата на патот кон Европската Унија.

-Европската интеграција не е само процес на усогласување на политики, туку процес на трансформација кој зависи од луѓето – од нивните знаења, вештини и подготвеност да водат промени- истакна Сали.

Реклама

Тој потенцираше дека иницијативите како Young Energy Europe придонесуваат кон градење конкурентна и одржлива економија, преку развој на професионалци кои ќе ја предводат зелената и дигиталната транзиција.

Министерот ја поздрави и имплементацијата на програмата за развојно партнерство со WUS, која обезбедува можности за образование, обука и вработување за младите, оценувајќи дека вложувањето во знаење и вештини е предуслов за долгорочен економски раст.

Сали нагласи дека Владата, преку реформската агенда и процесот на европска интеграција, останува посветена на создавање услови за развој на таленти и нивно задржување во земјата.

На настанот беа доделени сертификати за новата генерација учесници, како и признанија за најуспешните проекти за 2026 година.