Реклама

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Македонија

Заеднички семинар на Политичкиот комитет и Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток на ПС на НАТО во Рим

Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествува на заедничкиот семинар на Политичкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествува на заедничкиот семинар на Политичкиот комитет и Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток на Парламентарното собрание на НАТО, што се одржува од 11 до 13 мај 2026 година во Рим, Италија, информира собраниската прес-служба.

Семинарот, велат од македонското Собрание, организиран во соработка со Италијанскиот парламент, годинава има особено значење бидејќи се одбележуваат 30 години од активностите на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток.

На настанот учествуваат парламентарци од земјите-членки на НАТО, претставници на влади, меѓународни организации, дипломатски претставници, пратеничката Славјанка Петровска, член на Делегацијата на Собранието, претставници и безбедносни експерти, кои дискутираат за актуелните безбедносни и геополитички предизвици во јужното соседство на Алијансата, како и за нивното влијание врз евроатлантската безбедност.

Реклама

Во фокусот на дискусиите се променетата геополитичка состојба во Блискиот Исток, Северна Африка и Субсахарска Африка, влијанието на војната на Русија против Украина врз поширокиот регион, растечката улога на земјите од Заливот, како и прашањата поврзани со поморската безбедност, енергетските рути и заштитата на критичната инфраструктура.

На свеченото отворање на семинарот се обратиле италијанскиот министер за одбрана Гуидо Крозето, претседателот на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток Џанџакомо Каловини и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Маркос Перестрело де Васконселос.

На сесијата посветена на партнерствата на НАТО во јужното соседство, пак, се обратиле специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО за јужното соседство Хавиер Коломина и специјалниот претставник на Европската Унија за Заливскиот регион Луиџи Ди Мајо.

Вториот ден од семинарот бил отворен со обраќања на Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Италијанскиот парламент и Дубравка Шуица европската комесарка за Медитеранот.

Во дискусиите станало збор и за поврзаноста меѓу источното и јужното крило на НАТО, влијанието на авторитарните режими врз безбедноста, односите меѓу евроатлантскиот простор и земјите од Заливот, како и состојбите во Африка и можностите за зајакнување на регионалната безбедносна соработка.

Во рамки на програмата е предвидена и посета на Командата на Италијанската морнарица во Рим, каде ќе се одржи сесија посветена на безбедноста на клучните поморски коридори и подводната критична инфраструктура во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, како и посета на поморската база во Чивитавекија.