Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Катерина Зајковска – предлог на Комисија за прашања на изборите за член на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Зајковска, како што појасни претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски, е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија од Скопје. Од петте кандидати кои ги исполнувале условите и учествувале на интервјуата, таа освоила најмногу, односно 90,67 бодови.

Пратеникот Љупчо Николовски смета дека за член на ДКСК требало да биде предложена второрангираната, Милка Муратовска, која немала ниту еден еден процент разлика од прворангираната и била со специјализирано образование во делот на антикорупцијата.

Реклама

На предлог на претседателот Сајкоски, членовите на Комисијата ја утврдија предлог одлуката Наташа Георгиева од Скопје, член на управниот одбор на здружение на граѓани Европска полициска асоцијација Македонија, да биде избрана за член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца.

Комисијата ги утврди предлозите на координаторот на пратеничката група ЗНАМ, Бобан Карапејовски за измена на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Македонија и за изменување на одлуката за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Македонија за соработка со парламенти на други држави, на местото на пратеникот Миле Цеков.

Расправата по предлог – одлуките за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза”, „22 Ноември” и „Св. Климент Охридски”, според претседателот Сајкоски, беше одложена поради немање материјал, а, како што рече, ќе продолжи кога ќе се створат услови.