Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Конески: СДСМ ги избрка младите, денес повторно се обидува да ја демотивира државата, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж кај младите

Последната прес-конференција на СДСМ е уште еден пример на неодговорна и деструктивна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последната прес-конференција на СДСМ е уште еден пример на неодговорна и деструктивна политика насочена кон ширење на апатија, безнадежност и чувство на безперспективност кај младите, изјави на прес-конференција Тодор Конески, член на ИК на УМС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Крајно неодговорно е партија која до пред две години беше дел од централната власт, денес да се обидува политички да профитира преку демотивирање на сопствената држава и сопствениот народ. Токму СДСМ и ДУИ се тие што седум години создаваа систем на партизација, корупција, понижувања и уништена доверба во институциите, поради што голем број млади ја изгубија вербата во иднина и беа принудени да ја напуштат државата.

Со своите политики ги избркаа младите од Македонија, а денес наместо самокритика, се обидуваат дополнително да го засилат тоа чувство преку реторика на очај, страв и безнадежност. Наместо да понудат визија, тие градат политички наратив дека во Македонија нема иднина.

Реклама

Штетата што ја оставија зад себе е огромна и не може да се санира преку ноќ. Но, за разлика од нив, денес постои Влада која смета дека нејзина обврска е да врати надеж, оптимизам и чувство дека Македонија повторно да создава можности — особено за младите луѓе.

Додека СДСМ шири паника, лажни вести и наративи на иселување, ние ги повикуваме младите да останат дома, да ја сакаат и да ја градат сопствената држава. Работиме да создадеме услови младите да студираат, живеат и напредуваат во современи студентски домови и современите кампуси, да добијат поддршка за сопствен бизнис, сопствен дом, грантови и можности за економска независност.

Нашата цел е да создадеме генерација што ќе создава додадена вредност во општеството, ќе биде конкурентна, самостојна и горда на својата држава.

Разликата е суштинска.

Ние сакаме млади луѓе што ќе ја направат Македонија посилна, подостоинствена и поуспешна од било кога.

СДСМ, пак, продолжува да произведува партиски послушници кои сервилно одработуваат по директиви на истата врхушка што ја доведе партијата до историски пораз и политичка маргинализација.

Младите заслужуваат многу повеќе од страв, цинизам и политичка злоупотреба.

Заслужуваат држава што ќе им даде причина да останат.