Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство, им објаснува на граѓаните што значат уставни измени

Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции.

Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев.

Реклама

Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и историјата и јасно има кажано дека Бугарија нема да отстапи од своите барања.

И покрај тоа, Филипче настапува како граѓаните да не се запознаени со овие позиции, па зборува за кохезија во општеството, обидувајќи се да манипулира со граѓаните за значењето на уставните измени.

Сите го знаат ова. Само Филипче се однесува како граѓаните да не се запознаени и вели дека на македонскиот народ не му е јасно што значат уставни измени.

Од СДСМ забораваат дека се во опозиција и не нудат ништо што би можело да е во интерес на државата и граѓаните, се однесуваат како мала група која се надева само на враќање на власт по секоја цена. Филипче исто така веќе се замислува и си фантазира за премиерската фотелја.

Со денови се поагресивно се обидува да ги убеди граѓаните дека тој е оној кој ќе ја однесе Македонија во ЕУ, исто како што правеше Заев.

Филипче е продолжена рака на Заев и сака да го надмине Заев во предавствата, да го заврши планот за уништување на државата.

Во 2022 година, кога сакаа да ги поддржат уставните измени илјадници луѓе им протестираа и народот гласно им кажа НЕ, не ја сфатија пораката.

СДСМ како власт ја блокираше преговарачката рамка со ЕУ и ја направи Македонија мета на блокади и уцени.

Граѓаните добро знаат кој е Венко Филипче и дека би потпишал се, уште веднаш, само за да дојде на власт. Изгубија двапати последователно на избори, а граѓаните и трет пат ќе им ја испратат истата порака.

СДСМ на чело со Венко Филипче се опозиција во Македонија, а според анкетите се четврта партија во државата и не се фактор кој во моментов одлучува.  СДСМ е партија која секојдневно губи гласови поради нивните предавнички политики, кои и по Заев одлучија да ги продолжат, а Филипче ќе ја доведе партијата до исчезнување.