Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Фолклорот како живо наследство“

Во Паркот на Франкофонијата, во Општина Центар со почеток во 12 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Паркот на Франкофонијата, во Општина Центар со почеток во 12 часот ќе се одржи еднодневен културно – едукативен настан на отворено во рамки на проектот „Фолклорот како живо наследство“.

Настанот, како што соопштија организаторите, ќе понуди богата концертна програма со настапи на сите возрасни групи на АНИП „Орце Николов“, како и настапи на гости – детски фолклорни групи од Детскиот културен центар – Карпош. Целта е да се поттикне интергенерациско дружење, културна размена и заедничко доживување на традицијата.

Паралелно со сценската програма, ќе се реализираат и етно креативни работилници наменети за деца, каде преку интерактивен пристап ќе се запознаат со народни ора, песни, традиционални носии и ракотворби. Во реализацијата ќе учествуваат етнолози и етнокореолози, кои ќе овозможат автентично и едукативно искуство.

Реклама

Проектот има јасна мисија – да го претстави фолклорот како живо, динамично и достапно културно наследство, особено за децата и младите, поттикнувајќи интерес за активно учество и зачувување на традицијата.

Настанот е наменет за граѓаните на Општина Центар, како и за сите жители на Град Скопје и ќе придонесе зголемена видливост на фолклорот во јавниот простор, зајакната младинска вклученост и создавање нови генерации љубители на традиционалната уметност.

-Настанот е поддржан од Општина Центар и е дел од богатата културна програма на општината за 2026 година. „Фолклорот како живо наследство“ не е само настан – туку доживување, средба на генерации и потсетник дека традицијата живее преку нас, стои во соопштението на организаторите.