Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мразот го уништи родот во Делчевско – погодени околу 1000 хектари овошни насади

Мразот и екстремно ниските температури уништија околу 1000 хектари овошни насади во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мразот и екстремно ниските температури уништија околу 1000 хектари овошни насади во делчевскиот регион. Најмногу се погодени сливите и вишните, каде родот е речиси целосно уништен. Овоштарите веќе ги прават првите проценки, а се очекува штетите сериозно да го погодат целото производство.

„Мислам дека тоа многу лошо ќе се одрази врз овоштарството и земјоделството во Пијанечко-Малешевскиот регион и мислам дека земјоделците ќе се соочат со потешкотии во одржувањето на нивните насади. По сите информации кои јас ги имам, некаде околу 550 хектари модра слива и над 350 хектари вишна, кои се само на територијата на Делчево“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Од Општина Делчево најавуваат итни мерки за помош. За утре е закажана вонредна седница на Советот, на која се очекува да биде прогласена природна непогода за подрачјето на Пијанечко-Малешевскиот регион. Веднаш потоа, земјоделците ќе може да ги пријавуваат настанатите штети.

Реклама

„Ние како Општина Делчево ќе преземеме низа чекори, а тоа е: за утре е закажана вонредна седница на Советот на Општина Делчево, на која ќе биде прогласена природна непогода и со одлука на Советот ќе се формираат комисии кои ќе вршат проценки на лице место, по што ќе се изготви елаборат и ќе биде доставен до сите институции, по што земјоделците ќе може да очекуваат обештетување по настанатите штети“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Ниските температури, кои се невообичаени за мај, предизвикаа штети кај земјоделците и овоштарите во речиси сите делови од државата. Се очекува значително намалување на родот кај виновата лоза, кај кајсиите, праските и јаболката, што може да доведе и до зголемување на цените на домашното овошје.