Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Вандализирано најголемото основно училиште во Штип – маскирано лице влегло среде ноќ и кршело инвентар

Уништени смарт табли, компјутери, намерно поплавување и испишани непристојни содржини по ѕидовите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уништени смарт табли, компјутери, намерно поплавување и испишани непристојни содржини по ѕидовите. Вака утрово изгледа најголемото основно училиште во Штип, „Ванчо Прќе“, по невидениот вандалски чин што се случил во текот на ноќта. Маскирано лице влегло околу полноќ и уништило сè што му дошло при рака.

Најголема штета е направена на вториот и третиот кат, односно во кабинетите по предметна настава, додека приземјето е речиси неоштетено. Освен уништувањето на инвентарот, сторителот покажал и дополнителна дрскост – затнувал дел од мијалниците и ја оставил водата да тече. Поради ова, денеска е откажана наставата за над 1.100 основци.

„Штетата е нанесена во делот од предметна настава, во поголем дел од кабинетите. Штетата е материјална. Проценката и увидот се во тек. Нанесени се содржини со спреј по ѕидовите, смарт таблите, на таблите по училниците. Се работи за голема материјална штета. Проценката не можам да ви ја кажам во овој момент“, изјави директорот на ООУ „Ванчо Прќе“, Кокан Радев.

Реклама

Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Од снимките од безбедносните камери на училиштето се утврдило дека тој влегол преку делот на фискултурната сала, по што се движел низ просториите каде што се одвива наставата.

„Една камера е испрскана со спреј. Но и самата таа камера, додека трае тоа покривање на камерата со спреј, го снима. Во неколку пати се обидува, таа е високо поставена за да конечно успее“, изјави директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ – Штип.

Во тек е увид од страна на надлежните служби. Од училиштето очекуваат во наредните денови да се санираат штетите, со што наставата би продолжила во понеделник.