Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Климатските промени и фалсификуваниот мед го притискаат пчеларството, производството на мед намалено за 40%

Климатските промени и појавата на фалсификуван мед стануваат сериозен предизвик за пчеларството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Климатските промени и појавата на фалсификуван мед стануваат сериозен предизвик за пчеларството во државата. Пчеларите алармираат дека, поради сушата и нестабилните временски услови, производството на мед во последните две до три години драстично опаѓа.

„Овие последниве две-три години приносите се намалени од 30 до 40%. Сето тоа се должи на климатските промени, на сушата. На пример, ќе паднат интензивни дождови ден-два, а потоа нема со месеци. Природата не може да се развива, а пчелата е зависна од природата“, изјави Драги Манев, пчелар.

Покрај намаленото производство, пчеларите се соочуваат и со раст на трошоците. Поскапувањето на горивата и опремата за околу 30% директно влијае врз цената на медот. Во исто време, пазарот е нарушен со фалсификуван мед, кој, според пчеларите, содржи гликозен и пченкарен сируп. Ова создава нелојална конкуренција, особено ако се има предвид ниската цена на индустрискиот мед, што ги става домашните производители во уште понеповолна позиција.

Реклама

„Со поголем број пчелари што разговараме, сите велат дека имаат залихи во магацините од лани или полани. Најпрво треба да се сопре фалсификуваниот мед, односно да се декларира. Јасно да пишува колку проценти има мед, а колку гликозен сируп“, изјави Горан Миловски, претседател на Здружението „Пчелар 2014“.

Пчеларите посочуваат дека постојат едноставни начини со кои потрошувачите можат да препознаат дали медот е природен или индустриски. Еден од најчестите тестови е со вода, бидејќи вистинскиот мед не се раствора во ладна вода, туку останува компактен.

„Треба да се појави меур и ако не е компактен, тогаш не е прав мед. Друг начин е да се провери со лажичка. Ако медот се цеди како конец, а не капка по капка, тоа е доказ за квалитетен мед“, објаснува пчеларот Драги Манев.

Во источниот регион има околу 1.000 пчелари со приближно 40.000 пчелни семејства. На ниво на целата држава, годишното производство на мед изнесува околу два милиони килограми.