Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мемов: ЗНАМ ќе има став во врска со двојното државјанство по најавената јавна дебата и конечниот текст

Во однос на актуелното прашање за двојното државјанство и дали, покрај пратениците,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во однос на актуелното прашање за двојното државјанство и дали, покрај пратениците, и именуваните функционери треба да имаат само македонско државјанство, Движење ЗНАМ – за наша Македонија својот став ќе го изнесе откако ќе се одржи најавената јавна стручна дебата и кога ќе има конечен предлог-текст. 

-Најавено е дека ќе има стручна и научна дебата во јавноста по ова прашање и кога ќе се има конечен текст, ЗНАМ ќе се произнесе по ова прашање во јавноста, рече Никола Мемов од ЗНАМ одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конфеернција која беше посветена на Предлог-законот за Влада. 

Мемов рече дека ЗНАМ има конзистентен став во однос на Изборниот законик.

Реклама

-Официјален став на ЗНАМ е дека идниот собраниски состав треба да биде со 90 пратеници, да има една изборна единица, изборен праг помеѓу 2 и 3 отсто и да се промени начинот на финансирање на политичките партии, изјави Мемов.

Според него, доколку Уставот се отвора за регулирање на прашањето со двојното државјанство на функционерите тогаш, рече,  ќе треба воедно да се дискутираат и овие прашања.