Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Кариерен ден на штипскиот универзитет: Младите се запознаваат со можностите за студии и работа

Над педесет компании и сите факултети при штипскиот Универзитет на кариерен ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над педесет компании и сите факултети при штипскиот Универзитет на кариерен ден ги претставија своите програми пред идните и сегашни студенти. Меѓу нив и средношколката Елена Николова од Струмица, која вели дека ваквите настани им помагаат полесно да го изберат идниот професионален пат.

„Сме заинтересирани да видиме што нуди штипскиот Универзитет во областа на медицината, денталната медицина и сакаме да видиме какви можности имаме овде“, изјави Елена Николова, идна студентка.

Без стручен и добро квалификуван кадар, нема одржлива економија. Поврзувањето на образованието со реалниот сектор е клучно за создавање подготвен и конкурентен кадар на пазарот на труд.

Реклама

„Само поврзувањето со реалниот сектор, институциите и со компаниите е можност тоа што го научат додека студираат да не остане само на хартија, туку да се реализира и тие да бидат идни креатори на една успешна и здрава средина“, изјави проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Од Стопанската комора посочуваат дека недостигот на квалификувана работна сила сѐ повеќе станува сериозен предизвик за пазарот.

„Недостигот на квалификувана работна сила сѐ повеќе ќе станува хроничен проблем, а спојувањето на практиката и науката уште од самиот почеток на профилирањето на кадрите и те како може да придонесе да имаме лесно вработливи и препознаени кадри на пазарот на труд“, изјави Татјана Штерјова-Душковска, од Стопанската комора.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, посочува дека недостигот на квалификуван кадар веќе се одразува во стопанството, особено кај инженерските профили.

„Трудоинтензивната дејност е дејноста која го намалува интензитетот на работа. Не само заради намалување на профитот, туку и заради сѐ помалиот број на работоспособна, односно заинтересирана работна сила во овој сектор“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Отворениот кариерен ден на УГД, со поддршка на Општината и Стопанската комора, се одржува веќе втора година по ред.