Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Завршени зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на делото и налчинот на кој го скрил телто, побара до судот да го осуди асанов за фемицид

„Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека обвинетиот извршил грозоморно убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин како ја убил оштетената и со остар предмет и ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место„ рече обвинителката Александра Здравкова Стојанова.

Според одбраната доказите не се доволни и не даваат јасна слика за тоа како е извршено злоделото. Посочува дека поради тоа се отвара простор за сомнеж во вината на обвинетиот.  Побараа и домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот 74 годишен маж.

Реклама

„Во предметниот случај не постои ниту еден доказ кој упатува дека дејствијата на обвинетиот биле мотивирани од полот на оштетента, ниту пак дека постоела претходна динамика на односо која би укажала на кокнтинуирано насилство заснована на родова основа„ рече адвокатката на обвинетиот, Елизабета Панева.

Одлуката на Судот ќе биде соопштена на 28 април. Според обвинението, Борјанка Николова, е убиена со остар предмет во куќата на Денис Асанов, по што телото било расчленето, а делови се уште недостасуваат. Асанов, првично признал вина, но подоцна ја сменил изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во куќата, по што бил нападнат од тројца мажи кои му ставиле вреќа на главата  и го врзале за дрво додека копале дупка за закопување, при што еден од нив, како што рече,  го препознал својот очув.