Негатор на македонскиот јазик, предводник во битката за вето за Македонија во ЕУ, заговорник за впишување на Бугарите во македонскиот устав, двигател на негаторска политика кон македонското малцинство во Бугарија – кој е новиот бугарски лидер Румен Радев. Политичар кој во изминатите години континуирано ја гради оваа позиција – преку изјави, услови и конкретни политички потези.
Својата политика кон Македонија, според која македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, според која македонската историјата треба дља се дели со бугарската, датира одамна.
Уште во 2020тата година Радев од поцизија на претседтел на Бугарија, се закани дека ако Македонија сака да почне преговори со еу, мора да исполни неколку услови, односно не можело да се прават компромиси со историјата, идентитетот и јазикот или со барање за националните малцинства.

„Луѓето од бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ги бараат и бранат како и досега историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не може да абдицираат од овој важен процес за Бугарија, Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, изјава Румен Радев – претседтел на Бугарија ( 16.10.2020)
Со текот на годините, реториките на Радев се засилуваат. Тој е првиот бугарски политичар кој како услов за Македонија го постави влегувањето на бугарите во Уставот, далеку пред тоа да биде ставено во фамозниот француски предлог.
Суштинските преговори за членство, согласно преговорната рамка, не се започнати. Тие ќе започнат едвај кога Република Северна Македонија ќе ги впише Бугарите во својата конституција. Така што ова треба да е многу јасно. Тогаш започнуваат преговорите за членство. Исто така, ние треба да ги решиме сите прашања одлагани многу години. Разговорот за општата ни историја со Република Северна Македонија е неизбежен, изјави тогаш Румен Радев – претседател на Бугарија ( 02.10.2022).
И неколку месеци подоцна, тогашниот претседател повторно потсети, Македонија нема впишано бугари во Уставот, затоа ќе си седи во чекалницата за ЕУ.
Во моментов можам да кажам дека ние сме во состојба на вето. Имено, тоа е одлуката која успеавме со големи напори да ја пробиеме во преговорниот рамков до последниот момент. Преговорите да започнат само и единствено откако Бугарите ќе се впишат во Уставот на нашата земја. Тие до моментот не се впишани. Преговори не се започнати, посочи тогаш Румен Радев – претседател на Бугарија (09.02.2023)
Па Радев отиде и чекор понатаму, кој рече дека и да ги ставиме бугарите во уставот тоа не е гаранција дека преговоите ќе започнат- тоа било само прелиминарен услов. Па се осврна и на македонскиот јазик, кој никогаш не го викаат македонски.
Факт е дека Бугарија никогаш не го оспорувала правото на граѓаните на Македонија да го дефинираат својот современ идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на земјата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година. стои во писмото испратено од Румен Радев претседател на Бугарија – 26.06.2023
Со доаѓањето на новата функција, ставовите на Радев не се менуваат – тие продолжуваат по истата линија.Историјата, јазикот и уставните измени остануваат услов, а европскиот процес – врзан за нивното исполнување.
