Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Муцунски: Во тек е изборот на амбасадори и генерални конзули, поголема група кандидати поминаа на владина седница

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва. Тој истакна дека една поголем група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминале на седница на Владата пред неколку недели.

– Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е сè уште класифицирана. За сите се побарани агремани, за некои од нив имаме добиено одговор, и тоа е нормално во дипломатската практика да чекаме одговор. Природно се случува на некои амбасадори да им завршат мандатите, но работиме во некој поскорешен период да имаме целосна пополнетост на позициите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва од гледна точка на амбасадори и генерални конзули – рече Муцунски на заедничката прес-конференција со министерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев.

Во меѓувреме, посочи Муцунски, и во овие главни градови, каде што нема амбасадори, има вршители на должност амбасадори, кои се искусни дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Реклама

Муцунски пред речиси еден месец потсети дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори и генерални конзули се професионални дипломати од редот на вработените во МНРиНТ со богата дипломатска кариера од повеќе од 20 години и, како што нагласи „тоа се поврзува со нашата заложба, која почна со измените и дополнувањата на Законот за надворешните работи“.