Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

НАТО експерти ќе ја оценуваат борбената готовност на македонската армија

Сертифицирани НАТО оценувачи од денеска ја следат борбената способност на лесната пешадиска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сертифицирани НАТО оценувачи од денеска ја следат борбената способност на лесната пешадиска баталјонска група. Тим од четириесетмина почна со оценување на борбената готовност на единицата.

Проверката и оценувањето ќе се реализираат во рамки на престојната вежба „Блесок 26“.

„Во планирачкиот процес на оценување на борбената баталјонска група беше во корелација со раководството на вежбата „Блесок 26“, која ќе биде искористена за проверка и оценување на сите потребни критериуми за сертифицирање на баталјонската борбена група“, изјави потполковник Горан Кимов, директор на тимот за оценување.

Реклама

Според потполковник Кимов, сценариото на вежбите е внимателно подготвено и структурирано во седум области. Неговата цел е да ги тестира сите аспекти на подготвеноста на баталјонската борбена група.

„Подготвени се повеќе од дваесеттина настани, проследени со преку 100 инциденти коишто ќе предизвикаат персоналот на баталјонската борбена група да ја покаже својата подготвеност“, изјави потполковник Горан Кимов, директор на тимот за оценување.

Конечните резултати од покажаното ќе бидат познати во петок, додека оценувањето ќе се одвива под постојан надзор на НАТО тим. Лесната пешадиска баталјонска група за оваа евалуација се подготвуваше четири години.