Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Европската перспектива и регионалната соработка во фокус на средбите на Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на  Анталија Дипломатскиот Форум 2026 остварил повеќе билатерални средби со негови колеги, португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и директорот за Западна Европа во Европската служба за надворешни работи, Емануеле Ѓауфрет.

За средбите Муцунски информираше преку Фејсбук, нагласувајќи дека имал исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум, а соопштение објави и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

На средбата со министерот Рангел, истакна Муцунски, ги потврдиле одличните билатерални односи и разговарале за нивно понатамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес, нашата активна улога во НАТО и придонесот кон колективната безбедност.

Реклама

– Со министерот Коњуфца разменивме мислења за билатералната соработка, регионалните прашања и евроинтегративните процеси, како и за понатамошно зајакнување на соработката во овој контекст. На средбите со директорите Рокфеј и Ѓауфрет разговаравме за напредокот во пристапниот процес, имплементацијата на Реформската агенда, со посебен акцент на владеењето на правото и јавната администрација, како и за поддршката во овие процеси и актуелните случувања во регионот и Европа – објави министерот. 

Муцунски вчера во рамки на учеството на Форумот се обратил на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување).

Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски истакна дека поврзаноста денес претставува клучен елемент за економската отпорност, регионалната стабилност и одржливиот развој, особено во услови на зголемена геополитичка неизвесност и трансформација на глобалните синџири на снабдување. Тој нагласи дека земјава, како држава со стратешка позиција на крстопатот меѓу Европа и поширокиот евроазиски простор, има активна улога во унапредувањето на регионалната инфраструктурна и транспортна поврзаност.