Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Славески на пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата од нашата земја, која учествува на пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД – информираат од Народната банка. 

Како дел од делегацијата на Народната банка на овие средби ќе учествуваат и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

Реклама

– За време на средбите делегацијата ќе одржи состаноци со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор Жероен Клик и заменик-извршниот директор Марникс ван Рај. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе се разговара за тековните економски состојби во земјата, за спроведувањето на монетарната политика и за мерките што придонесуваат за постепена стабилизација на инфлацијата, како и за одржувањето на макроекономската стабилност – велат од Народната банка. 

Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната соработка. Исто така, делегацијата ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се разговара за предизвиците со кои се соочуваат членките во контекст на тековните светски финансиски и геополитички движења, како и на тркалезната маса за спроведувањето на клонот на системот за инстант-плаќање ТИПС (TIPS), развиен со поддршка на Европската централна банка.

Предвидени се средби и со претставници на Светската банка, заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, и со регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка, Шјијаочјинг Ју.

Како што истакнуваат од Народната банка, пролетните средби претставуваат еден од најзначајните светски економски форуми на кој секоја година на едно место се собираат носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки. Тие годинава ќе разговараат за влијанието на геополитичките случувања врз економијата, економската стабилност и економскиот раст, инфлацијата и монетарните политики, како и за дигитализацијата на финансискиот сектор.