Реклама

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Македонија

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно во КИЦ – Скопје

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно ќе биде изведена во Салон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно ќе биде изведена во Салон 19:19 при ЈУ „Културно-информативен центар“ – Скопје. Станува збор за нова продукција на „Театар за тебе“. 

Текстот и режијата се на Изабела Јакимова, а во претставата настапуваат Ненад Митевски и Изабела Јакимова. Гласовите се на Гоце Андонов, Сара Томевска и Михаил Велков.

„Знаме и куфер“ е авторска современа дуодрама со изразен комичен и сатиричен тон, која преку интимната приказна на еден љубовен пар ја отвора болната и актуелна тема на политичката поделеност, егзистенцијалната несигурност и миграцијата.

Реклама

Претставата го следи односот меѓу Марина и Петар – двајца млади луѓе, партнери и идеолошки спротивставени „соборци“, кои по изборите се соочуваат со прашањето: да се остане и трпи или да се замине и почне одново? Низ динамични дијалози исполнети со црн хумор, сарказам и препознатлива балканска реалност претставата ја расклопува иронијата на патриотизмот, клиентелизмот, партиската припадност и лажните ветувања поставувајќи ги ликовите меѓу знамето (идентитетот, припадноста) и куферот (заминувањето, надежта за подобар живот).