Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Тивка епидемија – Штип отвори центар за борба против обезноста

Обезноста во Македонија достигнува алармантни размери. Се проценува дека од 30–35% од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезноста во Македонија достигнува алармантни размери. Се проценува дека од 30–35% од населението се соочува со прекумерна телесна тежина. Оваа болест е во постојан пораст, со посебен акцент кај децата. Во обид да се справи со дебелината, која се смета за болест на модерното време, во просториите на поранешната модуларна болница во Штип започна со работа регионалниот Центар за менаџирање на обезноста. Овде, сите кои имаат проблем со прекумерната тежина ќе добијат стручен третман и советување од ендокринолози.

„Со отворањето на овој центар пациентите имаат каде за прв пат да се обратат, односно каде да бидат третирани нивните коморбидитети. Покрај обезноста, која знаеме дека не е само натрупување на масно ткиво во организмот, туку е придружена со останати заболувања, како дијабетес тип 2, хормонални нарушувања, метаболен синдром, и ова претставува значајна придобивка за пациентите од овој источен регион и за нивното здравје“, изјави д-р Стојка Докузова, ендокринолог во КБ Штип.

За преглед, пациентите треба да закажат преку системот „Мој термин“, да имаат упат од матичен лекар и да приложат основни лабораториски анализи. Во фокус на испитувањето ќе бидат вредностите на шеќерот во крвта, функцијата на црниот дроб, како и нивото на добар и лош холестерол.

Реклама

„Во посебен фокус ќе ни биде гликемијата на гладно, тромесечниот шеќер или гликозилираниот хемоглобин. Лабораторијата ќе треба да содржи ензими од црниот дроб, ќе треба да содржи липиден статус, вклучително со добар и лош холестерол. Дополнително, бубрежната функција со урична киселина. Во овој центар за обезност ќе се проценува тежината“, изјави д-р Валентина Велковска, ендокринолог во КБ Штип.

Се проценува дека секој осми човек во светот живее со дебелина, а трендот е во постојан пораст. Според податоците, до 2035 се очекува бројот на луѓе со прекумерна тежина да достигне околу 4 милијарди.