Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Со струја од пловечки фотоволтаици ќе се управува со акумулацијата Паљурци и хидросистемот „Ѓавато“ на Дојранско Езеро, прв ваков проект на Балканот

Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно ќе се активираат пумпите за полнење на Дојранското Езеро од Хидросистемот во Ѓавато.

Проектот за повторно активирање на Хидросистемот на Дојранското Езеро е веќе подготвен и чека финансирање за да почне да се реализира, вели Ромео Тренов, директорот на Управата за водостопанство, на трибината со земјоделците од дојранскиот регион, организирана неделава од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во рамки на кампањата “Гласот што го слушаме – македонско најдобро”. 

– Веќе имаме направено проект со шпанската компанија “Глобалтек”. Прво направивме физибилити студија, а потоа проект за пловечки фотоволтаици на браната Паљурци. Тие ќе бидат први фотоволтаици на Балканот кои ќе бидат пловечки. На јужниот дел од акумулацијата, на површина која зафаќа пет до десет проценти од браната, ќе поставиме соларни панели со што фактички струјата нема да ја плаќа никој, туку ќе си ја произведуваме сами. Со таа струја ќе се вклучат пумпите и летно време, така што очекуваме околу 1000 километри во Стојаково да се наводнуваат од истото напојување. Во средината на октомври кога завршува сезоната за наводнување, со истата струја што ќе ја произведуваме ќе се полни Дојранското Езеро. Останува уште финансиската конструкција за проектот, и јас се надевам  дека ако успееме да најдеме средства ќе започнеме со реализација, најави Тренов.

Реклама

Фотоволтаици поставени на водна површина е оправдано и веќе испробано решение за сопствено производство на електрична енергија, вели професорот и експерт од областа на енергетиката, Константин Димитров. 

-Ова решение е можно, веќе постои во светот и се применува во Кина. Тоа се таканаречени пловечки острови, кои имаат двојна намена. Преку нив се стабилизира и температурата на водата каде што се поставени. Значи ваков проект не е невозможен, туку е изводлив, а не штети и на околината. Со тоа што на овој начин ќе се произведува струја за работа на пумпите преку кои се дополнува Дојранското Езеро, решението е сосема оправдано и прифатливо, вели Димитров.

Од Хидросистемот во Ѓавато, заедно со Дојранското Езеро, се полни и акумулацијата Паљурци кај Богданци, кога има намален водостој, а се наводнуваат и обработливите површини по должина на цевководот. Системот беше исклучен за време на енергетската криза, која настапи по почетокот на војната меѓу Русија и Украина, кога сметките за електрична енергија за работа на системот достигнаа 300 000 евра за месец.

Во моментов Дојранското Езеро минимално се дополнува и одржува по природен пат, благодарение на дождовите од крајот на минатата и почетокот на оваа година, кои ги активираа природните дотеци на вода, а една од нив која се уште тече во каналот за полнење на езерото е реката Топлец.

Ова го потврдуваат и дневните извештаи на Управата за хидрометеоролошки работи, каде што е наведено дека нивото на Дојранското Езеро е 60 сантиметри под договорениот минимум со соседна Грција. Споредено со крајот на февруари кога водостојот беше 71 сантиметар под минималната договорена кота, последните податоци на УХМР покажуваат дека за месец и половина езерското ниво нараснало само 11 сантиметри.