Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Почнаа подготовките за најголемиот и најрадосен празник – Велигден

Пред да изгреат првите сончеви зраци, Соња Пикова Рунтева, од Штип, ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред да изгреат првите сончеви зраци, Соња Пикова Рунтева, од Штип, ја продолжува традицијата што ја негува речиси половина век. Во раните утрински часови, таа ги бојадиса велигденските јајца. И оваа година, како и секоја претходна, бојадиса 33 јајца, бројот на годините што ги имал Исус Христос кога бил распнат. Велики Четврток е денот на Тајната вечера и почетокот на Христовото страдање. Јајцето претставува нов живот и надеж, додека црвената боја ја симболизира жртвата и безусловната љубов на Спасителот.

„Се вапцуват рано наутро, пред изгрејсонце, три јајца. Првото јајце е за дома, тоа е чувар на куќата, второто за здравје и бериќет, додека третото е за Исус и во петок се носи на црква… Црвената боја го симболизира Исусовото воскресение, неговата крв“, изјави Соња Пикова Рунтева.

За неа, Велигден не е само подготовка на трпеза, туку време кога семејството се собира и домот се исполнува со топлина, мир и радост. Овој празник потсетува дека меѓусебната почит, љубовта и поддршката меѓу најблиските се најважни.

Реклама

„Велигден е ден кога се сплотува семејството. На тој ден се собираат најблиските. Денот носи мир и спокој, но и надеж за подобро утре“, изјави Соња Пикова Рунтева.

За Велигден се врзуваат многу обичаи и обреди: мирисот на баклава и милиброд, капењето со црвено јајце и здравец, спротнувањето под маса. Сепак, најважниот момент е дарувањето со јајца во недела. Почитувајќи ја традицијата, им одаваме почит на нашите претци.

„Низ годините на Велигден се вапцуваа само црвени јајца, додека сега се вапцуваат во најразлични бои, украси. Трпезата е полна со најразновидна храна, во минатото го немаше тоа. Целта на Велигден е да го сплоти народот и што помалку изобилие на храна, толку почиста душа. Да им се помогне на луѓето кои немаат, да им се подаде. Тоа е целта на Велигден“, посочува Соња Пикова Рунтева.

Велигден потсетува дека вистинската убавина на празникот се наоѓа во семејството, во сплотеноста, во грижата и љубовта што ги делиме едни со други.