Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од  основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника.

Како што информира професорката по музичко и наставник -ментор, Лариса Жулина – Митовски, нејзините ученици ги освоиле трите највисоки места во дисциплината пијано на државното првенство и тоа: второодделенката Уна Златановска, прва награда, Михаил Митровски втора награда и Мила Младеновска, 3 одделение, трета награда.

Во дисциплина хармоника браќата Јован и Павел Јосифовски освоиле трета награда, а работеле под менторство на проф. Дејан Ангеловски.

Реклама

Натпреварот го организаше Здружението на музички и балетски педагози, во соработка со Министерството за образование и наука на Македонија.

-Овие натпревари се реализираат како постојана и значајна манифестација во рамките на системот на стручното музичко и балетско образование во Македонија, со цел: вреднување на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците, рангирање според постигнувањат, откривање и поттикнување на талентирани ученици и согледување на степенот на развој на музичкото образование. Исто така целта е да се реализира професионална ориентација на наградените ученици како и размена на педагошки искуства – рече Жулина-Митовски.

Нагласи дека постигнатите резултати се уште една потврда за континуитетот и квалитетот во работата на кривопаланечкото основно училиште, кое успешно ја негува традицијата во создавање квалитетни музички кадри и развојот на музичката писменост и култура.