Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Велешката Општа болница се опреми со опрема за дијагностика и лекување на одредени заболувања

ЈЗУ Општа болница Велес во текот на минатата и оваа година се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈЗУ Општа болница Велес во текот на минатата и оваа година се опреми со нова апаратура за дијагностицирање, превенција и лекување на одредени заболувања и третман кај пациентите.

На Нервното одделение е набавен ЕКГ и интерфузер, на Рендген одделението нов дигитален рентген апарат и дензитометар или популарно наречен Дексаскен, кој ја мери минералната коскена густина, односно квалитетот на коските и заболувања со остеопороза, како и новиот ултразвучен ЕХА апарат на Интерното одделение.

Сета оваа вредна опрема за велешката болница чини околу 24,5 милиони денари набавена со средства од велешката Општа болница во координација со Министерството за здравство и Фондот за здравство, информира заменик министерот за здравство Јовица Андовски при денешната посета на велешката болницата каде направи увид на опремата заедно со директорот на болницата Александар Бузалков и медицинскиот кадар. Воедно на здравствените работници им го честитаа и Светскиот ден на здравјето 7 април.

Реклама

Заменик министерот Андовски потенцира дека со оваа најнова и најсовремена опрема во велешката Општа болница ќе се зголеми квалитетот  и квантитетот на здравствени услуги, во која освен од велешкиот поширок регион се лекуваат пациенти од целото Повардарие.

Директорот Бузалков најави дека наскоро  во текот на овој месец или почетокот на мај во функција ќе биде ставена новата опрема на Очното одделение за примена на Фако методата за операција на катаракта на око.

– При крај ни се потпишување на договорите за потрошниот материјал, за инструментите, најави директорот Бузалков.

Како што потврди и заменик министерот Андовски, специјалистите офтомолозите  на Очното одделение во велешката Општа болница на почетокот на мај ќе започнат со операции на катаракта.

– Со тоа ќе се намали и притисокот на овие пациенти на скопските клиники и болници затоа што сега овие операции ќе можат да се извршуваат од врвни стручњаци офтомолози и во велешката болница, потенцира заменик министерот Андовски.

Освен за пациенти од Велес и поширокиот велешки регион во велешката Општа болница од идниот месец ќе се изведуваат операции на катаракта и за пациенти од градовите на Повардарието.

На новинарско прашање како функционира велешата Општа Болница со здравствен кадар, директорот Бузалков информира дека сите одделенија во болницата  работат непречено. Таму каде што има потреба, а законот за здравствена заштита дава можност, се ангажираат и лекари специјалисти од други болници, најмногу од скопските клиники.

Воедно информира дека моментално имаат 28 специјализанти од сите области на медицината, сите во различна фаза на специјализацијата. Двајца од нив годинава се очекува да станат специјалисти.

Се прават напори со Министерството за здравство за добивање согласност за примање на медицински кадар: медицински сестри, болничари, физиотерапевти и лаборанти, односно да бидат пополнети местата на оние кои заминуваат во пензија со нов медицински кадар.

На прашање за реновирање на Физикалното одделение, нов медицински кадар и продолжување на работното време наместо до 14 часот да биде како порано до 19 часот во две смени, директорот Бузалков информира дека моментално на Физикалното одделение доаѓаат двајца лекари специјалисти, еден од Клиничка болница Штип и еден од Клиника за физијатрија во Скопје четирипати во текот на неделата. Има термини и секој пациент што доаѓа на преглед ќе биде прегледан без оглед дали е со термин или со приоритетен упат. Ако за скоро време успеат да примат нови физиотерапевти, додаде тој,  Физикалното одделение на велешката Општа болница повторно ќе има и втора смена.