Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Уставниот суд го поништи Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите од февруари годинава

Уставниот суд, денеска, ја одржа 9. седница, на која го поништи Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд, денеска, ја одржа 9. седница, на која го поништи Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите („Службен весник на Македонија“ бр. 39/2026).

При конечното одлучување за поништување на Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојноста на судството како составен дел од уставно загарантираната независност на судската власт, како и темелните вредности на уставниот поредок, владеењето на правото и поделбата на власта.

– По поведувањето постапка за оценување на уставноста на Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите, Собранието наместо да постапи во согласност со ставовите на Уставниот суд изразени во решението за поведување постапка од 24 декември 2025 година, изврши ново намалување на коефициентите на платите на судиите, па судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите од 25 февруари 2026 година и да го поништи како спротивен со член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 4, членовите 51 и 54 и амандманот XXV на Уставот на Македонија – се наведува во соопштението од Уставниот суд.

Реклама

Коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени двапати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што, според судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и загрозување на независноста и самостојноста на судството.

Уставниот суд на денешната седница исто така донесе одлука да поведе постапка за колективниот договор за култура и за член 76-љ од Законот за културата. 

Оспорениот колективен договор за култура претставува клучен акт што директно ги уредува функционирањето и вреднувањето на вработените во културната дејност. Тој опфаќа 74 национални установи со 1.976 вработени и 49 локални установи со уште 492 вработени, односно вкупно 2.345 вработени во 123 установи – носители на културниот живот во државата.