Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Општина Куманово организираше свечен прием по повод Меѓународниот ден на Ромите

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, остварија празнична средба со граѓани, припадници на ромската заедница.

-Во пријатна атмосфера, упатив срдечни честитки до етничката заедница, по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Разговаравме за актуелни теми кои ги засегаат жителите од повеќе населби, за создавање на услови и можности за нивната вклученост во повеќе општествени области, за повисоко ниво на информираност и водење поголема грижа за здравјето, образованието, социјалните прилики и слично-нагласи Димитриевски.

На денешниот 8 Април – Меѓународен ден на Ромите се слави ромската историја, култура и традиција, која потсетува дека сите единствени треба да работата на подигање на свеста на граѓаните за почитување на припадниците на различни етнички заедници, од причина што сите заслужуваат подобро секојдневие и обезбедување на неопходни услови за живот. Општина Куманово додава Димитриевски продолжува да вложува во борбата против дискриминација, со единствена цел обезбедување на потребните сегменти, кои ќе донесат соодветно образование, неопходно здравство и пристап до вработување на ромскиот народ.