Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДСM, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден четири милиони евра за ДУП-от во Тетово

Партнерите на Дака – СДСM, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партнерите на Дака – СДСM, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција.

Нема одговори од СДСM, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. 

Дополнително, се поставува прашањето дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?

Реклама

Дали Заев бил спремен заради сопствени бизнис интереси, да му овозможи на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа на САД Дака да гради во Тетово? Дали освен финансиските побуди на Заев, ја ширел и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски? Зошто СДСM и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?

По се изгледа, единствениот одговор се парите. За пари во џеб, СДСM, Заев и Филипче се спремни да шират антидржавна политика и да и штетат на Македонија во процесот на евроинтеграциите.

СДСM, Филипче и Заев, освен пари ништо друго не ги интересира.