Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Во Собранието седница со опозициски пратенички прашања

Собранието денеска го утврди дневниот ред на 97. седница по што работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска го утврди дневниот ред на 97. седница по што работата продолжи со поставување прашања од опозициските пратеници до членовите на Владата. 

Според дневниот ред, на 97. седница Собранието треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка.

Пратенциите треба да расправаат и за годишниот извештај за работата на Оперативно-техничката агенција за 2025 година, предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година, предлог-финансискиот план за 2026 година на РКЕ, предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Исто така, и за предлог-одлуките за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на РКЕ за 2026 година, за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за објавување јавен оглас за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца. 

Реклама

Собранието прифати по скратена постапка да се донесат неколку предлози на закони од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ги задолжи матичните собраниски комисии да заседаваат по нив. По скратена постапка ќе се носи предлог-законот за изменување на Законот за средното полициско училиште. Со измените ќе се овозможи усогласување со Законот за внатрешните работи, Законот за класифицираните информации и Законот за средното образование. Поддршка доби и предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кој се предвидува намалување на рокот за доцнење во намирување на обврските на општините од 12 месеци на 3 месеци како услов Министерството за финансии да даде согласност за ново задолжување. Исто така, и измени на Законот за основното образование, на Законот за образование на возрасните и на Законот за стручното образование и обука. 

На предлог на пратениците од ЗНАМ, по скратена постапка, ќе се носи законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој треба да се овозможи возачот што поседува возачка дозвола од Б-категорија и поседува потврда за посета на 4часовна теоретска обука да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1 и ова право да важи исклучиво на територијата на државата. 

Парламентарното мнозинство не ги прифати предлозите на пратениците од опозицискот СДСМ по скратена постапка да се донесат измени на Законот за данокот на додадената вредност, на Законот за јавните патишта и на Законот за акцизите, со кои, како што образложија, се предлагаат мерки во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за сите видови горива, намалување на цените на патарините за 50 проценти и на висината на акцизата за литар продадено гориво.

Исто така, не беше прифатен и предлогот на пратениците од Левицата дел од дневниот ред на седницата да биде нивниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбраната, по скратена постапка. Со предлогот, образложи пратеникот Амар Мециновиќ, се предвидува Армијата да биде ангажирана само во мисии со меѓународен легитимитет, односно кои се одобрени од Советот за бебзедност на ООН.