Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Демократскиот сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани 

Демократскиот сојуз (ДС) ги осудува политички мотивираните протести поради наводно скратување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот сојуз (ДС) ги осудува политички мотивираните протести поради наводно скратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница, се вели во соопштението од ДС. 

Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и политичко влијание, посебно на студенти блиски до партиите од власта.

Демократски сојуз потсетува дека македонскиот јазик е државен – службен јазик во Македонија. Се разбира, албанскиот јазик е исто така во службена употреба и етничките Албанци ги уживаат сите права според Уставот за негово користење.  ДС потсетува дека студентите, повеќето Албанци своите студии ги завршиле на мајчин албански јазик.

Реклама

Но, во правосудството е од исклучителна важност, обвинителите, судиите и адвокатите, да го владеат македонскиот јазик кој е лингва франка, заеднички јазик на разбирање на сите етнички заедници во Македонија. Дополнително, меѓународната пракса и препораките од Венецијанската комисија одат во прилог на употреба на еден заеднички јазик во правосудството и тоа на никаков начин не ги нарушува правата на другите етнички заедници.

Демократски сојуз ја охрабрува Владата да не подлегнува на политички притисоци и да истрае во пронаоѓањето решение за полагање правосуден испит кое ќе биде уставно, а нема да ги нарушува правата на етничките заедници, но исто така со иста тежина на испитот како и за другите студенти.

ДС истовремено потсетува дека на сите етнички заедници, вклучително и на Албанците, им е загарантирана одбраната на мајчин јазик во процесите пред судовите во Македонија.

Јазикот е средство за разбирање, а никако за конфронтација.

Без разлика на сѐ, во државната и во локалната администрација мора да се знае македонскиот јазик не нарушувајќи го правото на помалите етнички заедници да го негуваат и користат и својот мајчин јазик.