Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Клековски со честитка по повод Светскиот ден на здравјето: Нашата клучна мисија е да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот систем

Нашата клучна мисија е јасна, да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата клучна мисија е јасна, да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот систем, за да можат лекарите да лекуваат, а пациентите да бидат згрижени. Во изминатиот период преку заедничка работа направивме значајни исчекори. Обезбедивме повиски примања за здравствените работници  и тоа реално зголемување на платите во јавното здравство, историско зголемување на капитацијата на матичните лекари, вели директорот на ФЗОСМ Сашо Клековски во честитката по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето.

Тој честитајќи го Светскиот ден на здравјето изрази длабока благодарност до сите здравствени работници нагласувајќи дека тие се оние кои секојдневно стојат на првата линија во грижата за нашите животи.

-Направивме значајни чекори во зголемување на пристапот на лекови и тоа на скапата биолошка терапија и по повеќе од една деценија ја обнвовивме позитивната листа со нови лекови. Работиме на подобрување на условите за работа, нова опрема и нови методи. Ова не се само бројки во буџетот. Ова значи подобар пристап до терапија, поголема сигурност за пациентите и помотивирани здравствени професионалци, вели тој.

Реклама

Дека нашиот систем знае да биде брз, солидарен и професионален кога е најтешко, според негомсе покажало и при трагедијата во Кочани.

-Во такви моменти Фондот е тука да гарантира дека сите средства се секогаш достапни таму каде што се најпотребни. Нашата цел останува иста, здравствен систем кој е достапен, квалитетен и одржлив за сите. Здравјето е наша заедничка одговорност. Да го чуваме, да го унапредуваме и да вложуваме во него секој ден. Честит 7 Април, Светски ден на здравјето, вели Клековски во честитката.