Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Жанета Ристевска избрана за претседавач на битолскиот Совет за превенција на детско престапништво

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола за нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола за нов претседавач на Советот ја избра Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач избран е Митко Бошевски од адвокатската комора, додека за секретар избрана е Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола.

Новото раководство на Советот  на конститутивна седница усвои Деловник за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.

Од Општина Битола информираа дека  Советот за превенција на детско претсапништво ќе се фокусира на рана идентификација на ризици, работа со деца и млади во ризик, поддршка на семејствата, како и зајакнување на превентивните механизми преку образовниот и социјалниот систем.

Реклама

Од општинскиот Совет испратија порака дека превенцијата на детското престапништво е заедничка одговорност и бара навремено делување, координација и континуирана посветеност од сите релевантни институции и чинители во заедницата.