Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Шокантни докази за убиството на 79-годишната Борјанка презентирани во штипскиот суд

Фотографии и видеа кои сведочат за монструозноста на убиството, вакви беа фотографиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фотографии и видеа кои сведочат за монструозноста на убиството, вакви беа фотографиите и видео-матрејалите кои беа презентирани на рочиштето во судскиот процес против 75-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова, во Основниот суд во Штип. Матрејалите кои го прикажуваат местото каде што е пронајдено обезглавеното тело, како и состојбата во која било, предизвикаа дискомфорт кај присутните во судницата. За време на нивното прикажување, обвинетиот Асанов повторно се смешкаше и коментираше дека „се било шминка“, а на полицајците кои го чуваа, без грижа на совест, им објаснуваше дека тоа е кај него дома. Од доказите можеше да се види и како со багер се прекопува дел од дворот, со цел да се пронајде телото.

Обвинителството го товари за кривично дело убиство, извршено при родово базирано насилство. Според обвинението Борјанка  била убиена со нож во неговата куќа, по што телото било расчленето  и делови од него однел на повеќе локации, додека трупот  го закопал во дворот. Жената, последен пат била видена жива на 5октомври, минатата година кога го напуштила домот на својата сестра. Нејзиното исчезнување било пријавено на 24 октомври, а на 10 ноември, по наредба на јавен обвинител, полициски службеници во домот на   обвинетиот пронашле траги од крв. Потоа, обвинетиот признал дека телото го закопал во дворот на куќата. Иако во текот на истрагата дал признание, во судскиот процес Асанов, не се изјаснува за виновен. На претходните рочишта сведочеа инспектори од СВР Штип, како и роднини на жртвата. Судењето продолжува на 8 април.