Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Општина Илинден почна со реконструкција на локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден соопшти дека почна со целосна реконструкција на локалниот пат Мршевци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден соопшти дека почна со целосна реконструкција на локалниот пат Мршевци – Дељадровци, за кој наведува дека е  еден од клучните инфраструктурни приоритети и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.

Проектот опфаќа целосна обнова на патот, во должина од околу 1800 метри, проширување на постојниот коловоз и изградба на тротоар од 1,5 метар во населените делови  каде што се протега делницата. 

-Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека оваа инвестиција е за проект од исклучителна важност за локалното население, како и дека реконструкцијата ќе придонесе за побезбедно, побрзо и поефикасно одвивање на сообраќајот и значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу населените места. Овој проект претставува уште еден важен чекор кон градењето модерна и функционална општина и ќе придонесе за унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, соопшти Општина Илинден.