Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја нападнал ќерка ми и во болница, каде што била хоспитализирана, пред очите на внуката Катја

Мајката на починатата Ивана Јовановска, Љубица Стојановска, во сведочењето пред Основниот кривичен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајката на починатата Ивана Јовановска, Љубица Стојановска, во сведочењето пред Основниот кривичен суд Скопје изнесе нови детали за, како што рече, долгогодишното физичко насилство што ќерка ѝ го трпела од сопругот Стојанче Јовановски. 

Таа наведе дека ќерка ѝ во 2025 година била нападната во нивниот стан по што успеала да побегне, а случајот бил пријавен во полиција, иако подоцна, поради страв, Ивана не го потпишала записникот. Сведокот детаљно го опиша и инцидентот на автопат по враќање од свадба во Штип, како и хоспитализацијата на Ивана на Клиниката за абдоменална хирургија поради болки во стомакот предизвикани, според лекарите, од удари, што што обвинетиот ја турнал по скалите пред очите на нивната шестгодишна ќерка Катја.

Опишувајќи настан од 2025 година, мајката на Ивана, Љубица Стојановска, рече дека по расправијата во станот, обвинетиот ја нападнал ќерка ѝ обидувајќи се да ѝ ги земе телефоните.

Реклама

– Стојанче не заминал на работа и по нејзиното кажување, настанала расправија, тој сакал да ѝ ги земе телефоните. Имаше модринки и вратот ѝ беше црвен, ја давел. Сакал да види дали со некого контактирала. Некако успеала да излезе од станот. Ми се јави мајката на Мартин Саздов, другарот на Стојанче, и ми кажа дека Ивана била нападната од сопругот и некако успеала да излезе од станот и ме советуваше да пријавам во полиција бидејќи била физички нападната од сопругот и не знаат каде се наоѓа во моментот – изјави Стојановска.

Според нејзиниот исказ, Ивана и таа потоа дале исказ во Полициската станица Карпош, но ќерка ѝ од страв следниот ден не го потпишала записникот.

Во сведочењето таа посочи и на инцидент што се случил минатата година на автопат по враќање од свадба во Штип кога обвинетиот по расправија во автомобилот, ги оставил Ивана и ќерката на патот.

– Ивана, Катја и Стојанче биле на свадба кај братучетка на Стојанче во Штип и на враќање, јас така знам, требало ноќе да се вратат, Ивана згрешила да му каже каде да сврти и да се вклучи на патот, се скарале, ги избркал, од автомобилот ги извадил Катја и Ивана на автопат. Ја удирал, ја клоцал Ивана, дури Катја потоа призна „и мене тато ме удри“ и Стојанче си заминал. Ги оставил Ивана и Катја на автопат – рече мајката на Ивана.

Сведокот пред судот сведочеше и за настаните по јануари годинава кога Ивана итно била хоспитализирана поради силни болки во стомакот. По прегледот на повеќе клиники, таа била задржана на Клиниката за абдоменална хирургија.

– Докторите ми кажаа дека овие болки се од удар и се прави хематом внатре во абдоменот, со тоа што кога се разградува, тоа е многу акутно и вредностите се многу високи. Ѝ советуваа да остане затоа што може некогаш и минути да се во прашање да отворат и да реагираат – посочи Стојановска.

Според нејзините зборови, за време на посетата на Клиниката, обвинетиот повторно ја нападнал Ивана и ја турнал по скалите пред очите на ќерката Катја.

– Собата беше празна и се појави главната сестра на целата хирургија во ходникот со Ивана и ме праша дали знам што се случило. Главната сестра ја внесе Ивана во една соба, тогаш дојде и полиција и ми кажаа дека Стојанче бил на посета кај Ивана и излегле кај лифтовите на влезот од Одделот на хирургија, се расправале, сакал да ѝ ги земе телефоните за да види со кого комуницирала бидејќи била во болница. Пред очите на Катја тој ја турнал по скалите, болничар се стрчал и ја кренал Ивана и веднаш се организирале да ѝ направат компјутер на главата и дали има скршеница, а Катја ја прибрале сестрите и ја прашале дали сака да јаде. Малата Катја им кажала на сестрите на Одделот дека јадела ѓевречиња само претходниот ден и дека Стојанче ништо не ѝ дал за јадење, ја заклучил дома и заминал да вежба – сведочеше мајката на починатата Ивана.

Таа додаде дека следниот ден Ивана на свое барање ја напуштила болницата и покрај тоа што, како што рече, здравствената состојба не ѝ била средена. 

Претходно, мајката на Ивана сведочеше дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката.

Судењето против Стојанче Јовановски почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, а судот не го прифати неговото делумно признание на вина и одлучи постапката да продолжи со изведување докази.

Иако Јовановски на почетокот на рочиштето призна вина за две од вкупно трите кривични дела за кои се товари, тој пред судот нагласи дека бил присилуван од сведок во постапката по што судот констатира дека изјавата не е дадена доброволно. 

– За првите две дела се чувствувам виновен, но за третото дело не се чувствувам виновен. Се чувствувам виновен и ги признавам кривичните дела, и тоа: телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од КЗ, како и кривичното дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска став 1 од КЗ. Ги сторив во време, начин и на место онака како што се опишани во обвинителниот акт. Но не се чувствувам виновен за кривичното дело наведување на самоубиство и помагање во самоубиство – посочи првично обвинетиот пред судот.