Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДСМ и ДУИ, или Таче и Груби

Кога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик.

Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе.

Реклама

Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски – Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија.

Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија.