Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Мицкоски: Бројките од анкетите не мотивираат дополнително да работиме, како Влада правиме се за да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните

Претседателот на Владта Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владта Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, истакна дека Владата прави се што е во нивна моќ да испорача резултати, и покрај, како што вели тој, катастрофалната состојба наследена од претходната влада. Тој додава дека бројките од анкетите, значат дополнителна мотивација за работа, иако опозицијата испраќа погрешни и навредувачки пораки.

,,Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата коа што ја наследивме од претходната влада ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што имале негативен ефект врз државата се големи. Ресурсите се за жал како резултат на тие погрешни политики многу мали. И ние работиме врз основа на приоритети“, рече Мицкоски.

Во контекст на анкетите кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии, Мицкоски истакна дека бројките само  значат дополнителна мотивација за работа.

Реклама

,,Овие бројки само треба да не мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во рамките на владината коалиција. Во јавноста знаете, од страна на опозицијата  се испраќаат погрешни пораки, би рекол, пораки невистинити. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растурат пердуви и по теркот на оние пиар стратегии колку фати фати, колку не фати тоа е тоа“, кажа Мицкоски и додаде:

,,Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата. Јас како човек, ќе сторам се што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале од страна на опозицијата. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа, напорна работа, работа како никогаш до сега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина на граѓаните“.