Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет реформи и резултати

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан под мотото  „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, говореше за процесот на европска интеграција, за што истакна дека истата е неопходна, но мора да се темели на вистински реформи, функционални институции како и владеење на правото. Попов вели дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кредибилен и одговорен пристап.

,,За земји како нашата, европскиот пат не е прашање на политичка мода, туку стратешка неопходност. Сепак, овој пат мора да се базира на кредибилитет. Реформите мора да бидат реални, институциите мора да функционираат, а владеењето на правото мора да се зајакне во пракса, а не само да се декларира во политички документи. Во исто време, процесот на европска интеграција мора да го задржи и сопствениот кредибилитет. Мора да се базира на јасни критериуми, еднаков третман и предвидлив напредок. Без оваа заедничка одговорност, процесот ризикува да го изгуби своето значење, особено кај младите луѓе кои очекуваат јасност и праведност“, вели Попов.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и структуриран пристап кон предизвиците, и како што вели тој, не ја третира европската интеграција како симболична цел, туку како процес кој бара длабока внатрешна трансформација.

Реклама

,,Ова вклучува зајакнување на институциите, обезбедување правна сигурност и создавање услови за економски развој. Исто така, вклучува градење систем во кој заслугите, компетентноста и одговорноста се главни критериуми за успех. Ова е единствениот начин да се создаде одржлива и веродостојна европска иднина“, истакна Попов.

Попов вели дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет, реформи и резултати

,,Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, ние сме исто така целосно свесни дека кредибилитетот не се гради преку изјави, туку преку доследна акција. Овој настан претставува четврти меѓународен настан на кој сме домаќини во изминатите три години. Овој континуитет не е случаен. Тој одразува јасна стратешка посветеност на меѓународната соработка, на градење партнерства и на позиционирање како сигурен и сериозен актер во рамките на европскиот политички простор. Токму преку ваков вид одржлив ангажман се воспоставува кредибилитет и се гради доверба со нашите партнери низ цела Европа“, рече Попов и додаде:

,,Како ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили, ние остануваме цврсто посветени на европска иднина заснована на кредибилитет, реформи и резултати. Подготвени сме активно да придонесеме во овој процес, со јасно разбирање дека одговорноста не може да се одложи“.