Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Балкан

Невреме оштети покриви во Словенија, затворени училишта и градинки

Силна бура, проследена со налети на ветер што надминуваат 100 километри на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна бура, проследена со налети на ветер што надминуваат 100 километри на час, синоќа го погоди поголемиот дел од Словенија соборувајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија, а надлежните служби апелираа до граѓаните да останат во своите домови.

Според Радио-телевизија на Словенија (РТВ СЛО), најтешко погодени беа приморските и горењските региони, а поради исклучително неповолните временски услови, во неколку општини беше донесена одлука за затворање на училиштата и градинките за денеска.

Силната бура, која првично беше најавена во текот на ноќта, ги зафати областите Горишка и Ајдовшчина, а бурните ветрови однесоа делови од покривите на неколку училишта во земјата.

Реклама

Илјадници корисници од целата земја повремено останаа без електрична енергија, вклучително и во областите Марибор и Љубљана, а прекините на далноводите предизвикаа прекини во другите делови од земјата.

Според Словенечката агенција за животна средина, најсилните налети на ветер достигнаа 103 километри на час.

Поради опасноста, надлежните служби апелираа до граѓаните да останат во затворен простор и да не излегуваат, освен ако не е апсолутно неопходно.

Метеоролозите предупредуваат дека ветерот ќе продолжи и денеска, со постепено слабеење само во текот на утрешниот ден.