Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Жителите на Блатец бараат раскинување на концесијата за хидроцентралата на Блатешница

Жителите на село Блатец повторно побараа раскинување на концесијата за мини хидроцентрала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на село Блатец повторно побараа раскинување на концесијата за мини хидроцентрала на реката Блатешница. Рокот што Владата го продолжи на 3 октомври минатата година завршува денеска, а градба сѐ уште нема. Преку Месната заедница, жителите поднесоа барање до Владата и до министерствата за животна средина и енергетика. Тие бараат раскинување на концесијата и заштита на реката, наведувајќи три причини за тоа.

„Концесионерот воопшто не започнал со исполнување на обврските за заштита на животната средина, односно не е направена проценка на влијанието на проектот врз животната средина. Втора причина е што концесионерот сторил повреда на Уставот, односно на правото на здрава животна средина, а трета причина е тоа што одобрението за градење на хидроцентралата е престанато“, изјави Блаже Анакиевски, претседател на МЗ на село Блатец.

Освен по правен пат, жителите на Блатец борбата за заштита на реката Блатешница ја продолжуваат и на терен. Откако истече дозволата за градба што локалната самоуправа му ја има издадено на концесионерот, тие велат дека ќе ја следат состојбата и нема да дозволат започнување на градежни активности. Дежурствата на местото каде треба да се гради хидроцентралата се сведени на минимум, но жителите најавуваат дека ќе реагираат доколку се појави механизација на терен.

Реклама

„Блокадата како блокада сѐ уште си е легално пријавена во МВР, но дежурствата ќе бидат сведени на минимум за да не ни избега состојбата од контрола“, изјави претседателот на МЗ на Блатец, Блаже Анакиев.

Жителите на Блатец се сплотени и речиси цел месец со рампа и жив штит го чуваа местото на планираната хидроцентрала. При крајот на февруари организираа и двочасовна блокада на регионалниот пат Виница–Берово, предупредувајќи дека проектот може да предизвика еколошка катастрофа.