Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Кочани се подготвува достоинствено да им оддаде почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“

Со повик за сплотеност, истрајност и човечност, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повик за сплотеност, истрајност и човечност, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, најави тридневна програма со која ќе се одбележи една година од трагедијата во дискотеката Пулс. Настаните ќе бидат посветени  на загинатите, повредените, но  и на сите кои несебично помогнаа по трагедијата. Грозданов, повика на заедништво  бидејќи тоа е единствениот начин да се продолжи по една ваква голема трагедија, која ќе остане трајно врежана во меморијата на нацијата.

„Младите што трагично ги загубивме ја заслужуваат нашата почит. Заслужуваат почит која треба да ја изразиме мирно, достоинствено и сплотено…. Нека овие денови не бидат само сеќавање на болката, туку и нов лист во нашето заедничко делување, да станеме општина на сплотеност, истрајност и мир“, рече градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Програмата започнува на 14-ти со православни содржини за молитвено сеќавање. Наредниот ден под мототот „Кочани ви благодари„ вниманието ќе биде насочено кон повредените, но и кон сите здравствени работници, институции, здруженија и поединци  кои во најтешките моменти покажале голема хуманост и пожртвуваност. Грозданов ги охрабри повредените да ги поканат своите лекари кои им биле потпора во борбата за живот.

Реклама

„Ве охрабрувам сами да си ги повикате своите лекари, медицински крепители. Општина Кочани е овде и ќе ги удостои со топол и срдечен прием, ќе им обезбеди сместување и сите потребни почести. Планираме сите кои се жртвуваа да ги одликуваме со статуетки на благодарност„ рече на денешната прес конферернција, градоначалникот Грозданов.

На 16-ти кога ќе се одбележи точно една година од трагедијата ќе се одржат содржини посветени на достоинствено оддавање почит на  починатите во дискотеката Пулс, каде животот го загубија 63, а над 200беа повредени. Тридневниот настан, ќе биде организиран од заедничкиот организационен одбор составен од Здружението на граѓани-16 Март , Oпштина Кочани и уште неколку институции во Кочани.