Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Николоски: Стартува реконструкцијата на „Свети апостол Павле“-до крајот на мај 2027 краен рок за Кичево – Охрид

Прва голема обнова на „Свети Апостол Павле“ по 60 години. . По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прва голема обнова на „Свети Апостол Павле“ по 60 години. . По легализацијата на аеродромот во Охрид, наредната недела следува негова реконструкција. Ова го најави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој рече дека токму легализацијата на аеродромот била пречка да се почнат големи градежни зафати. Планот е да се изгради нова административна зграда со површина, нов канцелариски простор, помошни простории, нов простор за обезбедување, како и целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 м2 на двете нивоа.

„Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење. До скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цел аеродром и цела инфраструктура. Но, тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници. И очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје“ – вели Николоски.

Интензивно се работи и на изградба на автопатот Кичево – Охрид. Новиот краен рок за финиш на градежните активности е крајот на мај 2027-ма година. Николоски нагласи дека со анекс на договорот со кинески Синохидро ќе се предвидат дополнителни 186 милиони евра за реализација. Со ова  се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот. Владата има големи амбиции за инфраструктурно поврзување со соседите. Николоски најави дека во подготовка е планот и за изградба на неколку нови експресни патишта. едниот од од Кочани до граница со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридор 10 со Коридор Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија.

Реклама

“Сега во соработка со ЕУ треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. Експресните патишта ќе бидат различини од досегашните што ги изградивме. Сменивме Закон и Правилник и сега ќе личат на пример на автопатот Тетово-Гостивар каде ќе имаат две плус две ленти со ограда на средина, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново – Фариш. Таму имаме две плус две ленти со еластична ограда на средина. На Влада ги поминавме основните документи за експресен пат од Кочани до граница со Бугарија. Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија и Петрич од другата страна” – вели Николоски.

Откако неодамна беа најавени нови летови од Скопје до италијанските острови Сицилија и Сардинија, сега Николоски очекува за брзо да има нова врска и со Саудиска Арабија. Во следните месец и половина ќе се преговара за лет од Скопје до дестинација во оваа земја. Владата од стартот на мандатот досега воведе 23 нови летови од аеродромите во Скопје и Охрид.