Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Молк од Обвинителството по заплената на тон канабис во Валандово

Обвинителството се уште молчи по вчерашната акција  во валандовската компанија „Грин Лајф”,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството се уште молчи по вчерашната акција  во валандовската компанија „Грин Лајф”, од каде беше запленет еден тон канабис. „Грин лајф„ е една од шесте  на кои Владата им ги одзеде лиценците за работа по спроведените контроли. Според официјалните информации сопственички удел во компанијата основана 1.1.2018, има српската компанија „Био натуралс”, која во Србија, се поврзува со истраги за шверц на канабис во Македонија.

     Од МВР, информираа дека вчера по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово, извршиле претрес во просториите на правниот субјект во Јосифово, при што била пронајдена и одземена марихуаната.

  Оваа заплена е дел од пошироката акција во која досега се одземени околу 40тони  марихуана од компании што поседувале лиценци за одгледување канабис за медицински цели.

Реклама

 Покрај „Грин Лајф”, лиценците им беа одземени и на „ЦБД медплант”, „Лајф плант”, „Атафарм”, „Канабидоис” и „Алфа фарм” чиј косопственик српски државјанин беше уапсен во Србија, поради шверц на 5тони марихуана.

    Откако тамошните органи ги објавија сомнежите дека марихуаната потекнува од Македонија, македонската полиција и обвинителство започнаа акција. Основното јавно обвинетелство за гонење на организиран криминал и корупција, отвори истрага за шестмина кои се сомничат за вмешаност во шверцот во Србија, а надлежните органи започнаа постапка за преиспитување на лиценците.

     Како што вчера соопшти министерот за здравство, Азир Алиу, одлуката за одземање на лиценците е донесена поради утврдени неправилности, меѓу кои несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследно известување до надлежната Комисија и недостасуваање целосна документација за продажба и трансфер.