Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Локалната власт во Штип во акција за контрола и модернизација на мостовите во општината

Се мери статиката на сите мостови кои се наоѓаат на реките Брегалница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се мери статиката на сите мостови кои се наоѓаат на реките Брегалница и Отиња во Штип. Стручни екипи од ИЗИС вршат детални испитувања на конструкциите, со цел да се утврди нивната стабилност и носивост. Мерењата треба да бидат готови кон крајот на месецот, по што врз основа на овие резултати ќе бидат донесени понатамошни одлуки и евентуални мерки, доколку се утврди одредена нестабилност во конструкциите.

    „На територијата на  Штип имаме мостови кои се изградени пред педесет години и е потребно соодветно испитување…  Имаме веќе склучено јавна набавка со ИЗИС за испитување на статиката на овие мостови и врз основа на овие испитувања ќе бидат преземени сите основни чекори кои како локалн самоуправа имаме одговорност да ги преземеме„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Јорданов, потенцира дека постапката е превентивна и нема простор за паника меѓу граѓаните. Во фокус на експертите се мостовите на река Брегалница, поради променливиот водостој кој со години влијае врз нивната стабилност.  

Реклама

   „Водостојот на река Брегалница, се менува и сето тоа влијае на статиката на овие мостови. Јас верувам дека по анализите и истражувањата ќе бидат преземени сите мерки. Тоа не значи дека треба да владее паника меѓу населението. Ова го правиме превентивно како една одговорна локална власт . овде пред се мислам за мостовите на река Брегалница каде има поголема носивост. Доколку се констатира одредени проблеми или опасност, ќе бидат преземени соодветни мерки, односно измена на сообраќаен режим во однос на статиката на мостовите„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Откако ќе завршат испитувањата, од Општината најавуваат  интервенции и за подобрување на изгледот на мостовите. Предвидено е поставување на современо осветлување кое ќе ја зголеми безбедноста за граѓаните и ќе им даде поатрактивен и современ визуелен  изглед на мостовите.