Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Жители на Блатец на протест, го блокираа патот Виница – Берово поради изградба на мини хидроцентрала

Со двочасовна блокада на регионалниот пат Виница-Берово, жителите на виничкото село Блатец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со двочасовна блокада на регионалниот пат Виница-Берово, жителите на виничкото село Блатец побараа итно да се стопира изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница. Велат, денешната блокада е предупредувачка и порачаа дека доколку не се повлече одлуката, ќе ги радикализираат протестите. Според нив, со изградбата на мини хидроцентрала, ќе се доведе во прашање опстанокот на селото.

„Апел до државата, односно до надлежните институции на нашата Македонија, да си ја поправат грешката што е направена со доделувањето на концесијата за изградба на хидроцентрала на река Блатешница. Ние сме единствени и мора да успееме во нашата борба. Водата ни е живот и ќе успееме во нашата борба„ изјави жител на Блатец.

„Самата слика зборува зошто сме дојдени. Ние не сме против државата, ние сме за народот. Не може еден да се богати, а илјадници да страдаат„ изјави жител на Блатец.

Реклама

Тврдат дека водоводот на селото се наоѓа токму на трасата на цевководот и дека проектот може да предизвика еколошка катастрофа, уништување на флората и фауната, а селото ќе се соочи со загуба на вода за пиење и наводнување.

„Ние ќе останеме без вода, бидејќи водоводот се наоѓа во средината на таа рута каде треба да поминува цевководот. Дел од јазовите или вадите за наводнување и системот е изграден во осумдесеттите години ќе останат без вода и нема да можеме да ги наводнуваме нашите полиња во атарот на селото и ќе се случи огромна еколошка катастрофа„ изјави Блаже Анакиевски, претседател на месната заедница на Блатец.

Пред два дена инвеститорите демантираа дека изградбата на мини хидроцентрала ќе предизвика еколошка катастрофа или ќе го остави селото без вода. Сепак, жителите на Блатец денеска повторно излегоа на протест и добија поддршка од градоначалникот на Виница. Речиси цела недела со рампа и жив штит не дозволуваат движење на градежна механизација кон локацијата каде треба да се гради хидроцентралата, предупредувајќи дека проектот ја загрозува водата и природата.