Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Вештачката интелигенција го менува пазарот на трудот – нови вештини, нови можности

Вештачката интелигенција го трансформира пазарот на трудот, а работниците ќе мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција го трансформира пазарот на трудот, а работниците ќе мора да стекнуваат нови знаења и алатки за да можат да бидат конкурентни. Ова го изјави министерот за информатичко општество, Стефан Андоновски.

За да се одговори на новите трендови, од денеска па во наредните три дена, триесеттина истражувачи од осум европски универзитети, заедно со колегите од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ќе работат на развој на истражувачки проекти од областа на вештачката интелигенција.

„Сите овие активности би требало да резултираат со многу нови, детални проекти со кои ќе аплицираме во рамки на европските програми“, изјави проф. Дејан Мираковски, ректор на УГД – Штип.

Реклама

„Целта е да се умрежат, да соработуваат меѓу себе и да помогнат во понатамошниот развој на општеството“, изјави Сангита Ратнаике од Универзитетската европска алијанса.

Вештачката интелигенција е предизвик што го носи модерното време, а со навремена едукација и правилна имплементација таа може да донесе развој и отворање на нови можности на пазарот на трудот.