Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Ристески: Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите, а 12 пати кај непосредните жртви на активни пушачи

Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари, а двојно помалку, 12 пати почест кај пасивните пушачи, односно непосредните жртви на активните пушачи, изјави Милан Ристески, клинички онколог, кого го прашавме околу најавениот закон против пушење.

-Колку никотинот е штетен, и тоа внесен во организмот во било која форма: инхалиран, преку цигара или луле, или џвакан, или пак трансдермално налепен на кожата? За среќа, во јавноста скоро и да нема легитимен лик кој ќе тргне во сулудо бранење на теза која е неодбранлива, па дури и најстраствените пушачи веќе не се ни осмелуваат да се стават во одбрана на некаква си корист од внесувањето никотин, посебно преку пушењето цигари. Бензен пиренот, и за жал уште околу 70 директно канцерогени, а околу 5.000 други штетни материи, се составен дел на она што го инхалираат пушачите на цигари и пури, но и нивните жртви – пасивните пушачи, додаде тој.

Тој рече дека ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари, а двојно помалку, 12 пати почест кај пасивните пушачи, односно непосредните жртви на активните пушачи.

Реклама

– Но, не е само ракот на белите дробови. Комплетно различна е мутационата генетска сигнатура на пушачите кои заболуваат од рак на бешика, од мутационата сигнатура на пушачите кои заболуваат од рак на бели дробови и гласните жици. За жал, не завршува тука листата на малигни болести во чија канцерогенеза не учествуваат канцерогените од цигарите –  тутунот. Џвакачите на тутун почесто заболуваат од рак на непцата, пушачите на луле пак од рак на усните, алармираше Ристески.

Тој рече дека се поставуваат неколку клучни прашања.

– Зошто до сега не сме поставиле поригорозни контроли / рестрикции врз труењето на непушачите? Зошто воопшто субвенционираме производство на тутун? Демек, нека се трујат другите, а не нашите жители? Далеку поисплатливо е производството на канабис, кој не само индустријата за козметика, туку и текстилната индустрија се повеќе го бара. Имаме ли воопшто капацитет да одржиме надзор на почитување на овој закон НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА на државата? Сакате да се лажеме или да бидеме искрени? Дали прецизно сме определиле места за пушачите каде ќе можат да пушат без да сметаат некому? Не сум баш сигурен, а такви места мора да бидат јасно назначени. Дали пушењето загреан тутун, а не цигара која активно согорува и создава чад, треба исто да се третира? Мој одговор е НЕ, не треба исто да се третира. Дали треба да се контролира составот на електронските цигари кои содржат никотин во течна состојба: Секако да, забележани се дури и смртни случаи поради акутна употреба на вејпови со течен никотин, каде смртта настанала како резултат на акутно труење на кој ли знае која од материите кои даваат арома, а се летално токсични. Дали исто ќе се третираат песните на Кукулеле (Пуши, пуши, пушиме) и на Deep Purple (Smoke on the water, иако пожарот за време на концертот на Френк Запа 1971 во казиното во Монтре немало врска со пикавци, што е инспирација за песната), или на Pink Floyd (Come in here, dear boy, have a cigar, you gonna go far, fly high, no, you’re never gonna die, you gonna make it if try, they’re gonna love you…) итн? Дали АВМУ конечно ќе почне да забранува конкретни песни со кретенски пораки, од било кој жанр (најчесто идиотска турбофолковина)? Колку ќе настрада угостителскиот бизнис? Ќе има ли доволно време и визија да се адаптира, или ќе се случи Прешево – Бујановачки пушачки туризам?, запраша Ристески.

Тој рече и дека има луѓе кои мислат дека се над законот.

– Додека го пишувам овој тест, читам за двајца пијани кумановски кретени, кои после 1 часот по полноќ, претепале газда на локал кој затворил локал и не сакал да ги послужи! Кретениве мислеле дека се над законот, а се надевам ќе имаат доволно доблесен судија да им додели максимална казна за обид за убиство со умисла. Јас сум пушач кој со години се обидува да прекине. Ми успева да се исконтролирам без никаков проблем на места каде не е дозволено, и тоа со часови. Ни на крај на памет – и без законот, не ми паднало да пушам дома или во автомобил кога имам непушачи со мене. За жал, познавам многу пушачи чија самозаблеснатост е над се, задоволувањето на нивната внатрешна потреба, иако знаат дека им штетат на другите. Е, за таквите не треба да има милост.