Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Македонскиот игран филм „17“ на 76. Берлински филмски фестивал

Новиот македонски долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот македонски долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинешниот 76. Берлински филмски фестивал.

Како што информира „Црна мачка продукција“, македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма.

Во филмот „17“ седумнаесетгодишната Сара поаѓа на училишна екскурзија криејќи тајна за која никој не знае. Кога екскурзијата ќе излезе од контрола и Сара ќе биде сведок на насилство врз соученичката Лина, тие ќе се поврзат засекогаш.

Реклама

Филмот е продуциран од „Црна мачка продукција“, во копродукција со „Арт&попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија. Поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар, „СЕЕ синема нетворк“ (SEE Cinema Network) и „Синелинк ворк ин прогрес“ (CineLink Work in Progress) на 31. Сараевски филмски фестивал.

По тој повод, денеска ќе се одржи средба со медиумите, на која ќе присуствуват режисерката Косара Митиќ, продуцентот Томи Салковски, актерките Ева Костиќ и Мартина Даниловска, членови на авторската екипа на филмот „17“ и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.