Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Речиси целосно искористени парите од унгарскиот кредит

Парите од унгарскиот кредит успешно се искористуваат од страна на бизнисот. Компаниите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите од унгарскиот кредит успешно се искористуваат од страна на бизнисот. Компаниите досега искористиле 225 милиони од вкупно достапните 250 милиони евра, односно толку пари се веќе префрлени од Развојната банка кон деловните банки преку кои се пласираат овие пари. Премиерот Мицкоски вели дека заемот целосно ќе се искористи во првите три месеци од годинава.

Владата го договори кредитот со Унгарија под мошне поволни услови. Компаниите добија заеми со каматна стапка од 1,95% и со грејс период од 3 години и 12 години рок на отплата. Ова, според Мицкоски треба да значи силен инвестициски циклус во земјава од најмалку 300 милиони евра. Премиерот вели дека Македонија е водечка во регионот на инвестициската мапа.

„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

Реклама

Последната нова транша од унгарскиот кредит беше префрлена во првата недела од годинава во износ од 6,9 милиони евра. Тоа значи дека преостануваат да се пласираат уште 25 милиони до крајот на март. Кредитите се дел од заемот од една милијарда евра од Унгарија. Со половина милијарда евра се исплатија стари долгови, 250 милиони евра де наменети за компаниите, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.